

Спомените на Христо Татарчев, издадени в Скопйе през 1995 г.
"При основањето на внатрешната македонска револуционерна организација многу значна ролја му попадна на д-р Христо Татарчев, претседател на првиот Централен револуц. комитет, што заседаваше во Солун. Додека се трудев да ги забележам спомените на други истакнати македонски дејци, водејки грижа особено да не пропуштам некого од нив, поминаа години, и настапија војните, па мојата работа стана тешка и сама од себеси се прекина. Сметав дека е од особено значење празнината во моите записи поради немањето на спомени од д-р Хр. Татарчев, во времето кога се поставувала основата на ВО под негово претседателство. Затоа постојано имав ум да искористам можност да го распрашам г. Татарчев за некои подробности, барем од тој почетен и мошне интересен период за историјата на ВО. Најпосле тоа ми појде од рака во јануари 1917 година, кога на две среќавања можев да ги запишам неговите спомени, заклучно со 1894 год. Постоеше согласност подоцна да продолжиме со започнатата работа, што по неопходност мораше да биде прекината, поради официјалните задолженија на докторот, што тогаш управуваше со една болница на фронтот. Туку, за жалење, после веќе не се укажа погоден момент за тоа...Иако недовршени, спомените на г. Татарчев, што ги објавуваме тука, содржат интересни податоци, кои се скапоцено дополнување на материјалите што се однесуваат за почетниот период на револуционерното движење во Македонија. И во спомените од детството и од ученичките години читателот ќе најде успешна карактеристика на тогашната потисната состојба на духот на бугарското население во југо-западна Македонија, како и на силното влијание што тогаш врз младежта го вршел слободниот живот во Бугарија и во светот, како жив контраст на ропскиот живот отаде турската граница, исполнет со паничен страв.....
Роден сум во Ресен на 16 декември 1869, од родителите Никола Татарчев и Костадина. Татко ми е од Ресен, а мајка ми од истакнато семејство од с. Јанковец (Ресенско). Поголемиот брат ми се вика Михал. Татко ми се занимаваше со банкарство и трговија, а делумно и со земјоделство, - имаше чифлици.
Со основно образование се здобив во Ресен, на бугарски. Потем, во 1882 год., заминав по суша преку Битола - Прилеп - Велес - Софија во Пловдив, и оттаму во Брацигово, каде брат ми Михал беше учител во петокласно училиште...
...Заедно со Божирад, без пасоши (со туѓи пасоши) заминавме за Цирих, и се запишавме на медицинскиот факултет...Во Цирих учев три години, и потоа преку сето време заедно со Божирад - во Берлин во 1890 год., каде по две години, во 1892 год., во текот на мај положив испит за доктор...Од Берлин заминавме право Цариград, каде положивме колоквиум...Ние бевме првите Бугари што полагавме на колоквиум...
Во Ресен останав до половината на септември (1892 г.) и со телеграма бев повикан од Васил К'нчев за училиштен лекар во Солун...Во Солун ја затеков бугарската јавност поделена на два лагера од претходните борби, што биле водени на чело со Величков - против Егзархијата и за неа, главно против нејзиниот стремеж да ги централизира црковно-општинските работи во свои раце...
Во текот на распустот во 1893 год. решив да обиколам еден дел од Македонија, што не ја познавав, со цел да ја проучам положбата на земјата и главно на бугарштината.
Откако се вратив од својата обиколка, не помина многу - некаде во половината на август - во мојот кабинет доаѓа Дамјан Груев, кој штотуку беше дојден преку летото во Солун како заменик на Никола Наумов...Не помина многу време, и Груев наново ме посети, и овојпат веќе поотворено заприкажавме за дејноста, што ни претстои како на Бугари, за да се подобри политичката состојба на нашиот народ. Веќе стана збор да се привлечат и други другари, откако претходно бидат сондирани по тие прашања. Груев зеде врз себеси да го стори тоа. На 23 октомри 1893 год. дојде до првата средба на овој поширок круг луѓе, во одајата на книжарот Иван Хаџи Николов, во улицата Челеби - бакал. Присуствувавме јас, Груев, Поп Арсов, Хаџи Николов, Андон Димитров (учител по турски јазик во гимназијата, ми се чини род. од с. Ајватово), Христо Бостанџиев (Батанџиев) од Гуменџе, тогаш учител во основното училиште, потем секретар во митрополијата; тој загина заедно со архимандритот Евлогиј во 1913 год. фрлен од Грците во морето. Само овие шестмина се бевме собрале...."
Спомените са предоставени от Драмски-Скопйе.
Източник: Сканирана от оригинален екземпляр
Автор: Роденият в град Ресен Христо Николов Татарчев (1869-1952, Торино, Италия) е български лекар и един от основателите на ВМОРО. Участва в организирането на Съединението на България през 1885 година, рганизирано от Българския таен централен революционен комитет. Включва се като доброволец в Българската армия и в последвалата Сръбско-българската война. Учи медицина в Цюрих и Берлин и след завършването си работи като лекар в Солунската българска мъжка гимназия. Служи като лекар и в Българската армия през Балканската, Междусъюзническата и Първата световна война.
За повече информация за автора тук