Библиотека Струмски
Издателска дейност

Подкрепете ни



VMRO Lion
Македония >> "Револуционерната дејност; Основачкиот конгрес на Внатрешната македонска револуционерна организација; Средства и вооружување", публикувано в "Македонската револуционерна организација и д-р Христо Татарчев (помеѓу митот и реалноста)", Скопје, 2017 година
Христо Татарчев от Ресен, Вардарска Македония - "Револуционерната дејност; Основачкиот конгрес на Внатрешната македонска револуционерна организација; Средства и вооружување", публикувано в "Македонската револуционерна организација и д-р Христо Татарчев (помеѓу митот и реалноста)", Скопје, 2017 година


Увеличи
Описание

Втори дел от спомените на д-р Христо Татарчев – "Внатрешната македонско-одринска револуционерна организациja како митолошка и реална суштина", писани в Торино в периода от 1934 до 1936 год.
"...Пред тоа, сепак, во јули 1892 г. Иван Хаџиниколов, загрижен од декларацијата на солунскиот валија, издадена за свештеникот Ив. Маџаров, претседател на Солунската општина, дека власта ќе се мачи уште две години со нас Бугарите, а потоа ќе ни остави да се расправаме со Србите, замина во Јули истата година за Софија за да бара лице кое ќе застане на чело на еден евентуално формиран револуционерен комитет. По тоа прашање тој дискутирал во прво време со Коста Шахов. Последниот му го препорачал Гоце Делчев, питомец на Военото училиште. При средбата на тројцата, Г. Делчев ветил дека по една година, откако ќе го заврши Военното училиште, ќе отиде во Солун каде што ќе го формираат тој револуционерен комитет.

На конгресот се истакна, исто така потребата за тоа револуционерната идеја да се рашири и кај останатите незадоволни народи, без разлика на вера и народност, што произлегуваше од ставот дека делото ќе има тогаш чисто македонски карактер и ќе придонесе на тој начин за отстранување на пропагандите и националните раздори, како и за создавањето мир, хармонија и заемна соработка - за напредокот и благосостојбата на целата татковина. Одринско, на кое се беше осврнал ЦК уште кон крајот на 1895 г. за да влезе и тоа во програмата на ВМРО, беше исто така објект на долги дискусии: дали би било рационално и полезно за ослободителната кауза на бугарското племе и се усвои најпосле едногласно дека тоа не треба да се третира одделно од Македонија и треба да составува една единствена кауза со Македонија кога веќе се вложуваат сите напори за да се израмни во подготвеноста со онаа на Македонија. Врз основа на гореспоменатите дискусии, беше решено да се направи измена на уставот, како што се дозволи, секој Македонец и Одринец без разлика на народност и вера да може да биде член на Организацијата...
...а дотогаш ЦК црпеше средства за потребите исклучително од Кукуш. Тоа мало гратче, но со високо бугарско чувство и сознание претставуваше една гранитна тврдина, во чии карпи се разбиваше грцизмот и од таа тврдина се провлекуваа пипалата на бугарската мисла и енергија кон Солун и го прекинаа неговиот обрач. Кукушанецот со својот непоколеблив дух и волја ги скршуваше секоја антинационална пречка..."


Източник: Сканирана от оригинален екземпляр

Автор: Роденият в град Ресен Христо Николов Татарчев (1869-1952, Торино, Италия) е български лекар и един от основателите на ВМОРО. Участва в организирането на Съединението на България през 1885 година, рганизирано от Българския таен централен революционен комитет. Включва се като доброволец в Българската армия и в последвалата Сръбско-българската война. Учи медицина в Цюрих и Берлин и след завършването си работи като лекар в Солунската българска мъжка гимназия. Служи като лекар и в Българската армия през Балканската, Междусъюзническата и Първата световна война.
За повече информация за автора тук


За да прочетете книгата натиснете тук



Видяна 1851 пъти.