"Востанието во Одринско
...Ослободителната акција требаше да го опфати целиот останал дел од бугарското племе под турско ропство. Таа идеја легна на крајот на 1895 г. здраво од сфаќањата на основачите на конспирацијата и веќе претставуваше импулс и суштествен елемент при преземањето на мерките и дејствувањето. Одринско, исто така стана објект на востанието и се развиваше во еднакви револуционерно-организациска структура, аспирации и идеал со Македонија...
Делото за кое македонскиот бугарски народ се бореше беше општочовечко. Тој имаше потреба од застапништво од (страна на) културниот свет. Мислата дека каузата на Македонија и Одринско ќе биде, најпосле, поддржана од Големите сили, под чие старателство, согласно со чл.23 од Берлинскиот конгрес се наоѓаа тие области, го тераше Главниот штаб да препорачува да се штедат сили, патрони и да се избегнуваат судири со аскерот за да може да се продолжат востаничките дејствија колку што е можно подолго време. Но, кога турските ѕверства и пустошења ја минаа границата на секоја човечка помисла и Балфур, премиерот на цивилизирана Англија, ги обвинуваше востаниците за турските истапи, надежта за интервенција на Големите сили тогаш стануваше бесмислена. Имајќи ги предвид тие факти, Главниот штаб се собра на 9 септември над с. Слоештица и сметајќи го како последен свој долг, (испрати) апел кон свободниот бугарски народ и неговата влада (за) ефикасна поддршка на делото, со образоложение дека е тоа општобугарско дело. Во тој апел беше подетално изложена состојбата на востанатата област, создадена од турските екцеси, а исто така беше изложена и идната перспектива на областа во услови на глад, мизерија и зимата што настапуваше, (како и) странските пропаганди (против) нашето национално дело...
...Се гледаше јасно од водената бугарска политика за време на востанието дека владата нема ни најмалку намера сериозно и активно да ја заштити каузата на бугарското племе под турско робство. Уште повеќе, што не се пројави дури ниту (чувство) за една човечка должност, ако не (за) племенското право за да го спречи масовното опожарување на бугарските села и убивањето на мирното население..."
Източник: Сканирана от оригинален екземпляр
Автор: Роденият в град Ресен Христо Николов Татарчев (1869-1952, Торино, Италия) е български лекар и един от основателите на ВМОРО. Участва в организирането на Съединението на България през 1885 година, рганизирано от Българския таен централен революционен комитет. Включва се като доброволец в Българската армия и в последвалата Сръбско-българската война. Учи медицина в Цюрих и Берлин и след завършването си работи като лекар в Солунската българска мъжка гимназия. Служи като лекар и в Българската армия през Балканската, Междусъюзническата и Първата световна война.
За повече информация за автора тук