"Ако бугарскиот народ врз основа на некакво племенско сродство и религиозен просветителски придонес од своето минато во просветувањето на рускиот народ претендираше од последниот да ја пролее крвта за својата слобода, колку повеќе би имал право тој дел од бугарскиот народ, останат под турско ропство, да побара ефикасно вмешување од слободниот братски народ за своето ослободување. Кресненското и Разлошкото востание (1878 г.), а потоа востанието од 1895 г. беа една реалност, која ја зацврсти во македонскиот Бугарин верата во правичноста на таа негова претензија, а пак, во тие факти ВМРО гледаше еднаквост на својата политика со онаа на Кнежество Бугарија. Востанија беа, исто така, една санкција на методите и средствата на ВМРО кои таа ги ибрала за извојување на слободата на Македонија и Одринско. Тие околности создаваа состојба на паралелност во стремежите и целите помеѓу политиките на бугарската влада и ВМРО, како и во средствата и во нивната методологија.."
Източник: Сканирана от оригинален екземпляр
Автор: Роденият в град Ресен Христо Николов Татарчев (1869-1952, Торино, Италия) е български лекар и един от основателите на ВМОРО. Участва в организирането на Съединението на България през 1885 година, рганизирано от Българския таен централен революционен комитет. Включва се като доброволец в Българската армия и в последвалата Сръбско-българската война. Учи медицина в Цюрих и Берлин и след завършването си работи като лекар в Солунската българска мъжка гимназия. Служи като лекар и в Българската армия през Балканската, Междусъюзническата и Първата световна война.
За повече информация за автора тук