"...Тие односи помеѓу бугарските влади и Портата, воопшто, ја правеа револуцијата проблематична. Егзархијата, колку и да беше лојална спрема турската власт, како бугарски институт таа секогаш била третирана со сомнеж, следствено на што секое нејзино барање минувало низ призмата на недоверба. Притоа, бугарските влади, од друга страна, по атавизам од минатото гледале со извесна сомнителност на дејноста на Егзархијата и неретко й поставувале клинови во нејзините тркала. Тие ценеле дека грижите и старателството на поробените Бугари требало да паднат исклучително во орбитата на нивните атрибути. Ете, зошто бугарските влади и Егзархијата дејствувале речиси секогаш одделно, но според моменталните нивни разбирања, можности и методи што личеле на калеидоскоп. Нивната дисхармонична политика имала фатален одраз на поробените Бугари, а особено за поведението и дејствијата на бугарските влади најмногу настрадаа македонските Бугари. Така кога Бугарија водеше австрофилска политика, маста на руската дипломатија се излеваше на бугарското население во Македонија со посредство на српската пропаганда пред турските власти и, обратно, кога таа беше русофилска, тогаш австриската дипломатија ја поддржуваше српската пропаганда, со други зборови кажано - бугарскиот народ беше ставен во циркуска арена во која Срби и Грци, особено првите, го играа своето јудинско оро по тактот ту на Русија, ту на Австро-Унгарија. При таа положба, имено се јави Револуционерната организација, но не како рушителка на постојните национални институти, туку како нивно дополнување. Нејзините задачи и цели се совпаѓаа наполно со тенденциите на националните институти. Таа се издигна на нивните фундаменти...."
Източник: Сканирана от оригинален екземпляр
Автор: Роденият в град Ресен Христо Николов Татарчев (1869-1952, Торино, Италия) е български лекар и един от основателите на ВМОРО. Участва в организирането на Съединението на България през 1885 година, рганизирано от Българския таен централен революционен комитет. Включва се като доброволец в Българската армия и в последвалата Сръбско-българската война. Учи медицина в Цюрих и Берлин и след завършването си работи като лекар в Солунската българска мъжка гимназия. Служи като лекар и в Българската армия през Балканската, Междусъюзническата и Първата световна война.
За повече информация за автора тук