Библиотека Струмски
Издателска дейност

Подкрепете ни



VMRO Lion
Македония >> "Последните денови на Кукуш (1913-1933); спомени на Владимир Караманов", Скопје, 2014 година
Кукушко Благотворително Братство "Гоце Делчев" - "Последните денови на Кукуш (1913-1933); спомени на Владимир Караманов", Скопје, 2014 година


Увеличи
Описание

През 1933 г. Кукушкото благотворително братство "Гоце Делчев" издава спомените на бившия кукушки окръжен управител Владимир Караманов (от Кюстендил) – "Последнитѣ дни на Кукушъ (Боеветѣ презъ 1913 год.), като спомен за двайстата годишнина от опожаряването и унищожаването на Кукуш от гръцките войски.

През 2014 г. книгата е издадена во Скопйе, по проект на Министерството за култура на Република Македонија (Едиција Pro Macedonia), под редакцията на проф. д-р Зоран Тодоровски, проф. д-р Наташа Котлар-Трайкова, проф. д-р Александар Трајановски, проф. д-р Надежда Цветковска и доц. д-р Мирјана Нинчовска.
Преводът е дело на Трајанче Кочоска - Масалкоска.

"...Градот Кукуш со неговото трудољубиво и претприемачко чисто бугарско население, одамна добиваше терен на пазарот во блискиот до него Солун и цела јужна Македонија и претставуваше опасност за тамошното грчко население од економско разрушување. Претприемачкиот и трговскиот дух на кукушани кои го имаа своето големо маало во Солун, познатото "Кукушко маало", како и нивниот висок национален дух и голем патриотизам, претставуваа опасност во блиска иднина да му придадат на Солун главно бугарски колорит, а со тоа да се нанесе и најголемиот удар на сите "грчки мегаломански идеи" по однос на Македонийа. Заради тие квалитети на кукушани, уништувањето на Кукуш го посакуваа не само солунските Грци, туку и сите други Грци од останатите делови на Македонија и од самото слободно грчко кралство. 21 јуни 1913 година им го овозможи тоа. На тој ден, како и другите денови по него, пред очите на повеќе од 50.000 грчки војници на чело со нивниот главен комендант, кој не беше друг, а самиот нивни крал, откако претходно беше ограбен од недисциплинираните грчки војници и многубројните банди од Солунско и Лагадинско коишто ги придружуваа, бугарскиот Кукуш беше опожарен и разрушен, со цел од него да се збришат сите бугарски траги...
За време на тридневните борби околу Кукуш и по отстапувањето на нашата војска, грчките војници и разбојничките банди од Солун и неговата околина, заедно со многу души од локалното турско население коешто го вооружија и го повлекоа со нив за да убива и уништува се што е бугарско, освен градот Кукуш, ги опожарија и разрушија и сите бугарски села од неговата околина....

По склучувањето на Букурешкиот мир во август 1913 год., според којшто Кукушкиот крај и цела јужна Македонија останаа под грчко ропство, патриотските кукушки Бугари не посакаа повторно да се вратат во нивните поробени родни краеви и да го поднесуваат ропството на новиот, погрозен и поопасен непријател.
Пронаоѓајки азил низ разните краеви на слободната братска Бугарија, цврсто поднесувајќи ја нивната судбина и живеејќи со радоста, тагата и идеалите на целокупниот бугарски народ, тие не ја губат нивната вера во подобрите денови на својот народ, во ослободувањето на нивните родни краеви и нивното враќање во нив..."


Спомените са предоставени от Драмски-Скопйе.


Източник: Сканирана от оригинален екземпляр

Автор: Кукушкото благотворително братство е създадено от емигранти и бежанци от района на Кукуш в София в началото на XX век.


За да прочетете книгата натиснете тук



Видяна 1433 пъти.