"Ехото на силната и жестока борба за ослободување на македонските Бугари одекна низ целиот свет, токму затоа што Македонија не е некоја зафрлена провинција на Турското Царство, туку се наоѓа во срцето на западниот дел на Балканскиот Полуостров, каде што ја пресекуа единствениот природен и најкраток пат од север кон југ, кој ја поврзува Средна Европа со Егејското море и со Блискиот Исток. Поради таа карактеристична географска положба, Македонија во минатото била важен трговски и културен центар на полуостровот, а и во иднина, од тој аспект, ќе има многу големо, речиси универзално значење.
Лично за Бугарија, Македонија поради своето население и во минатото и сега претставува јадро на западната половина на општобугарската татковина. Без Македонија, бугарскиот национален напредок никако не е осигурен, бидејќи македонските Бугари, со својата силно развиена национална свест, ја урамнотежуваат одбранбранета моќ на бугарскиот народ против притисокот на туѓите народи што го опкружуваат. Бугарија и Македонија отсекогаш си припаѓале една на друга и страдале една за друга, во национална и културна смисла, секогаш стремејќи се и кон политичко обединување. Сите кај нас нека ги знаат и добро нека ги запомнат старовремските етнички и културни врски помеѓу Бугарија и Македонија. Без таков историски поглед во нејзиното древно минато, тешко е да си објасниме како беше возможно, покрај познатите силни реакции, во 1903 година да избувне сеопфатно бугарско востание, во најоддалечната од нас Западна Македонија, против една голема и немилосрдна владејачка империја, каква што е Турција..."
Книгата е предоставена от Драмски-Скопйе.
Източник: Сканирана от оригинален екземпляр
Автор: Роденият в град Щип акад. проф. д-р Любомир Георгиев Милетич (1863-1937, София) е един от най-видните български учени и интелектуалци от края на 19 век и първата половина на 20 век, работил в сферата на езикознанието (и особено диалектологията), етнографията и историята. Сред най-изявените деятели и учредител на създадения в София Македонския научен институт. В негова чест е кръстен нос Милетич в Антарктида.
За повече информация за автора тук